Фолк пејачот Наум Петрески со два солистички концерти ќе обележи 35 години на сцената. Јубилејните концерти ќе се одржат во Битола и Охрид, односно на 4 август на Хераклеа Битола и на 11 август на сцената на Долни Сарај во Охрид.
На двата концерти се најавени специјални гости, а сопругата на Петрески, Зуица Лазова ќе запее пред публиката во Битола и во Охрид. Покрај неа, во Битола ќе гостуваат Татијана Стефановска, Владимир Поповски и групата Боеми.
Во Охрид пак, освен Зуица и Владимир Поповски, ќе настапат и Ѓоко Таневски и Милован Секуловски.
Освен концертите во Битола и Охрид, најавена е и промоција на ,,Најдоброто од Наум” во Скопје, но се уште не е прецизиран датумот. Станува збор за најново издание кое ги содржи неговите најголеми хитови, создадени во текот на 35-годишната кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.