Младата пејачка Драгана Јовановска дебитираше на последното 38-мо издание на музичкиот фестивал „Макфест“.
Таа пееше во првата вечер на фестивалот, наменета за нови таленти, од каде само пет изведувачи според бројот на гласовите од жирикомисијата, имаа можност да настапат и на втората, односно ревијална вечер.
Драгана беше една од тие пет изведувачи кои настапија и во вечерта со етаблираните музички имиња од Македонија.
Младата Драгана уште во првата вечер ги освои симпатиите на публиката со нејзината песна „Случајно“, на која како автор на музиката заеднички се потпишува со продуцентот Иле Спасев, додека таа сама го напиша текстот.
Што да кажам, јас сум презадоволна од моето претставување на „Макфест“. Беше одлично, супер организација, многу убави песни, дружење со младите и повозрасните колеги. Сигурна сум дека ќе учествувам и наредните години на фестивалот, изјави новата музичка надеж.
Инаку за потребите на новата песна, Драгана пред еден месец сними и видеоспот и тоа не било каде, тукуа на една од најпосакуваните светски дестинации за одмор – волшебните Малдиви.
Малдиви беше мојот одмор од соништата, но си реков кога веќе сум таму, пред да заминам организиравме екипа од таму за да го снимиме видеоспотот. Се надевам ќе им се допадне на публиката и ќе ужива во него и во песната, вели Јовановска.
Инаку Драгана нема да застане тука или пак да прави пауза, таа со својот тим од соработници веќе некое време работат и на други песни, па поради тоа блиска иднина очекувајте уште многу музика од неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.