Младата македонска музичарка Дина Јашари со песната „Дома“ е најновиот, четврти лауреат на музичката награда „Милан Младеновиќ 2022“, чиешто доделување се одржа во средата на 21 септември во Белград.

Дина Јашари, со песната „Дома“ ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ 2022, која ја додеува Донацијата „Милан Младеновиќ“ за најдобра песна во регионот. Одлуката Дина да го понесе ова признание ја донесе регионалното стручно жири, кое оваа година го сочинуваат Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Ќима (Србија).

Ова воедно е прв пат наградата да ѝ припадне на уметница надвор од територијата на Србија. Досегашни добитници на наградата востановена во 2019 беа Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А.“, Драм со „Дај ми све“ и Ана $ The Changes со песната „Ту“.

Освен Миле Кекин, кој имаше обврски со својот бенд Хладно пиво, комплетното жири присуствуваше на свеченоста, која по повод доделување на наградата „Милан Младеновиќ“ 2022 ја организираше Донацијата „Милан Младеновиќ“, симболично, на неговиот роденден, во белградскиот Дорчол Плац, на 21 септември.

Навистина останав без зборови. Ви благодарам многу што го поддржувавте регионот и не следите нас уметниците во сите области, тоа многу ни значи. Ваквата важна награда е голема поддршка за мене и за мојата музика, рече таа на доделувањето на наградата на сцената на културниот центар Дорќол Плац во Белград, пренесоа српските медиуми.

Според правилото, кантавторката Ана Ќурчин ѝ ја врачи наградата, како минатогодишна добитничка со баладата „Ту“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.