Денес, со почеток во 20:00 часот во рамките на „Ohrid Water Festival“ на платото пред хотелот „Палас“, свој концерт ќе одржи познатиот македонски пејач Ѓоко Танески. Концертот и сите други вечерни активности поврзани со Фестивалот се бесплатни.

Фестивал на водени спортови Охрид е проект кој ги врзува водените спортови, охридското природно богатство и развојот на охридската заедница. Фестивалот ќе трае 9 дена и за време на сите денови истиот ќе  понуди секојдневен микс на активности распространети во текот на целиот ден. Фестивалот започна на 19ти август и ќе трае се до 27 август.

Предвидени се 30 активности распределени во десетте денови на Фестивалот. Главен спортски настан ќе биде традиционалниот пливачки маратон од Св. Наум до Охрид кој е закажан за 26 август. За време на фестивалот покрај спортско-рекреативните активности се предвидени многу социјални активности, музика, едукација, промоции како и панел дискусија, изложби и презентација на здрава храна, велат организаторите на овој настан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.