Американскиот рок бенд „Фу Фајтерс“ објави дека починал нивниот долгогодишен тапанар, Тејлор Хокинс на 50-годишна возраст.
„Гардијан“ пренесува дека фанови на бендот започнале да се собираат пред хотелот во Богота каде што бендот престојувал, а Хокинс го пронашле мртов.
По настапот во Колумбија, „Фу Фајтерс“ имаа закажано настап во Сао Паоло на музичкиот фестивал „Лолапалуза“, пред да започнат со својата турнеја низ САД.
Познат како енергичен шоумен, Хокинс беше еден од најпрепознатливите музичари од бендот, а често се појавуваше заедно со Дејвид Грол во интервјуа и видеоспотови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.