Поранешниот член на светската поп-сензација, групата „Оне директион“, Лијам Пејн почина на 31 година во Аргентина откако паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес. Полицијата кажа дека го пронашла телото на Пејн откако итните служби реагирале на повик во луксузната населба Палермо.

Според полицијата на Буенос Аирес, полицајците во прв момент реагирале на пријава за „агресивен маж кој можеби бил под дејство на алкохол или дрога“. Кога пристигнале во хотелот, им било кажано дека се слушнал гласен звук во внатрешниот двор на хотелот, каде што потоа го пронашле телото.

Пејн претрпел сериозни повреди, ќе биде спроведена обдукција, изјави директорот на итните медицински служби Алберто Крешенти, кој не сакаше да коментира за околностите на падот.

Пејн се стекна со светска слава како дел од популарниот бојбенд формиран во шоуто „Икс фактор“ во 2010, што го сочинуваа и Хари Стајлс, Луис Томлинсон, Нијал Хоран и Зајн Малик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liam Payne (@liampayne)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.