Најголемата регионална манифестација за доделување музички признанија Music Awards Ceremony (MAC) powered by MaxBet во организација на Скајмјузик, се одржува по трет пат на 25 и 26 јануари во Штарк арената. Настапите на претставниците на музичката елита на поп, алтернативниот поп, рок, рап/хип-хоп, светска музика и фолк музика ќе ја освојат MAC сцената на првиот ден, додека настапите на најголемите музички идоли на трап, дрил, балкански дрил урбан поп и поп-фолк музика се резервирани за вториот ден од церемонијата. Како и во претходните изданија, и MAC 2023 се реализира во соработка со УНИЦЕФ, оваа година за програмата „Подобрување на менталното здравје на децата и младите“.
Како што информираат од Скајмјузик, единствената категорија во која ќе се гласа преку СМС е АЛБУМ, а целиот приход ќе биде пренасочен во УНИЦЕФ за оваа намена.
„Покрај немерливиот придонес за развојот на музичката индустрија во регионот, притоа потврдувајќи ја исклучителноста, соработката, толеранцијата и различноста, сакавме да ја искористиме силата што ја имаме и со свој ангажман да помогнеме да ја подигнеме свеста кога станува збор за некои од актуелните проблеми што ја засегаат помладата популација. Наш партнер од самиот почеток беше УНИЦЕФ, а оваа година сме фокусирани на менталното здравје на младите. Тоа е тема која стана уште поактуелна со пандемијата и пред која не смееме да затвораме очи. Драго ми е што Скајмјузик и MAC можат активно да учествуваат во подобрувањето на квалитетот на животот на младите, затоа решивме сите приходи од СМС гласовите да ги пренасочиме кон УНИЦЕФ, со кои имаме одлична соработка, уште од првото издание на церемонијата“, вели Миленко Шкариќ, сопственик и основач на Скајмјузик.
„Со задоволство ја продолжуваме соработката со Music Awards Ceremony (MAC) и Скајмјузик. Оваа година нашата соработка се фокусира на поддршка на програмата „Подобрување на менталното здравје на децата и младите“. Многу е важно ваквите големи и значајни настани да имаат и аспект на хуманост. Огромното медиумско внимание што го има овој настан и импресивниот број на учесници овозможуваат хуманиот аспект на настанот да го сврти вниманието на пошироката јавност на некои од важните проблеми со кои се соочуваат децата и младите, како и да се помогне финансиски во решавањето тие проблеми“, вели Дејана Костадинова, директорка на УНИЦЕФ во Србија.
Гласањето за номинациите во дури 20 категории се врши онлајн, преку официјалниот Јутјуб-канал на настанот и е потполно бесплатно, а наскоро ќе започне и гласањето на веб-страницата на MAC. Исклучок е категоријата АЛБУМ, за која се гласа исклучиво преку СМС пораки. Пораката може да се испрати на бројот 141991 по цена од 106,20 денари и важи за сите мрежи. Ова е единствената категорија за која нема ограничен број на гласови.
Да потсетиме, во текот на двете претходни изданија MAC церемонијата – во 2019 и 2020 година, собра над 450 познати личности од целиот регион и беше емитувана на дури седум ТВ–станици со национална фреквенција во шест земји, поточно во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словенија.
MAC за многу кратко време прерасна во најголемиот и најпрестижен музички настан на овие простори, за што сведочат дури 7-те меѓународни награди „„Best Musical Event“, „Best Ceremony“, „Best European Event“, „Excellence in Brand Strategy and Creation“, „Set Design Supplier“, „Audiovisual Supplier“ и „Live Show“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.