Јуле Новак е релативно ново музичко име на македонската музичка сцена, која пред неколку дена ја објави својата нова песна „Злато” и истата наиде на позитивни критики од публиката.

Јуле се потпишува како комплетен автор на песната, односно музиката, текстот и аранжманот се лично нејзини, додека мискот и мастерингот се на Нино Придаенкоски.

За „Злато” Јуле сними и видеоспот кој го режираше нејзиниот колега-музичар, Александар Спасенцовски.

Се радувам што пред неколку дена беше премиерата на „Злато”. Ова е песна на која работев долго време и максимално ѝ се посветив. Се надевам ќе ѝ се допадне на публиката, а во блиска иднина ветувам уште многу музика од мене, истакна накусо младата пејачка.

Инаку, Јуле своето прво јавно претставување го имаше пред две години кога учествуваше, а потоа и се пласира во финалето на музичкото онлајн талент-шоу „Заблескај”.

Како што кажавме погоре, плановите на Јуле се големи, таа планира активно да се занимава со музика и во иднина, а не ја исклучува можноста да ја видиме и на некој од нашите фестивали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.