Ѓорѓе Давид одржа прес конференција по сообраќајката во Македонија, кога усмрти жена при судир на автопат.

Рокерот на пресот на појавил во црнина и видно нерасположен, па проговорил за случката од неодамна.

Прво сакам јавно да изразам сочувство на господинот Африн, кој ја изгуби сопругата во оваа грда приказна. Неговата најголема мака е ќерката која седела зад воланот. Таа неодамна положила возачки испит и го доживеа тоа што го доживеа. Не би сакал да сум му во кожа, и јас имам ќерка и исто така ќе посакам да ја израдувам со автомобил. Јас сум лошо, немам сон, сликите ми се враќаат. Мојата психичка состојба е таква што мислам дека дека сум најсилен од својата генерација, ама ова ме скрши како кибритче. Со оваа траума ќе се борам, ама ќе се трудам да се изборам – рече рокерот.

Тој додаде дека ќе мора еднаш месечно да се јавува во обвинителството во Куманово.

Зборот концерт во овој момент звучи грдо, ама тоа е мојата работа и јас морам да ја работам како и сите останати. Животот не не чека, а ни обврските. Морам да продолжам како да не ми е ништо, а сто ѓаволи ме гонат во целата приказна – вели Давид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.