Пред само два дена новата надеж на македонската музичка сцена, младата Марија Спасовска ја промовираше најновата песна со наслов „Венера“.
Таа пред помалку од три месеци дебитираше на фестивалот „Макфест“, каде успеа да ги освои уште една симпатиите на домашната јавност. Таму настапи со песната „Осамен“, која од тогаш, па досега се емитува на скоро сите радио-станици.
Инаку како и на претходните, така и на најновата „Венера“, Марија се потпишува како автор на песната, додека аранжманот е на Иван Јованов – Ивајо.
Исто така Спасовска не ја промени и екипата со која го работеше претходниот спот, па и ова видео го изработија момците од „Urban Records“.
Презадоволна сум од сработеното. Одамна ја имав компoниано оваа песна и го чекав вистинскиот момент. Соработував со продуцентот Ивајо, кој навистина се потруди и ги даде сите потребни украси за финалниот продукт да звучи вака. Планот за следната година ми е да бидам уште повеќе активна, а тоа значи повеќе песни, повеќе видеоспотови, вели младата Марија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.