На овогодинешното издание на фестивалот „Макфест“ кој ќе се одржи следниот месец во Штип, ќе настапи и една од најатрактивните млади пејачки на македонската сцена – Андријана Петрушовска.

Андријана Петрушовска, која на јавноста стана позната по нејзиното учество и влез во финалето на српското реагионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, но и по нејзиниот атрактивен изглед, за првпат ќе учествува на овој фестивал.

Таа засега не го открива авторскиот тим со кој ќе соработува за нејзиниот настап, но откри дека ќе се погрижи настапот да биде запаматен.

Рано е за да откријам било што, но она што може да ветам е дека ќе изгледа светски. Полека веќе работиме и сигурна сум дека публиката ќе биде воодушевена, вели Петрушовска.

Инаку таа пред неколку дена ја најави и нејзината најнова фотосесија со познатиот фотограф Стефан Соколовски или познат како Бед Стеф, кој пак соработува со најпознатите домашни, но и регионални ѕвезди. Фотосесијата ја направија во хотелот „Влахо“ во центарот на Скопје, додека долната облека е на познатиот бренд „Ерос“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.