Песната „Македонско девојче“ одекна во Нов Зеланд благодарение на битолчанката Ирена Ангеловска и учесниците на Етно Нов Зеланд 2023.
Преубавата македонска песна беше дел од завршниот концерт на програмата во чии рамки 20-на млади музичари пренесоа и изведоа музика од Нов Зеланд, Израел, Монголија, Австралија, Јапонија, Ротума, Северна Индија и од Македонија.
Музика и култура – приказна пренесена од еден на друг со топли чувства кои го потврдуваат твоето присуство овде и сега. Ethno New Zealand 2023 ми даде простор за споделување, учење, растење, слушање и размислување. Го прифаќа културниот диверзитет и ги поддржува разговорите за идентитетот, историјата, опресијата, колонизацијата и политиката преку споделување музика и рефлективно размислување. Ја споделив мојата музика со многу убави луѓе кои чекореа покрај мене на ова неверојатно патување. Ја изведовме една од најпознатите македонски песни, втората химна на сите Македонци. Песната за најубавото девојче на светот – Македонското девојче, напиша Ирена на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.