Петар Ренџов со неговите долгогодишни музички пријатели најавува солистички концерт насловен како „Македонски музички сонети” во организација на „Мјузик Стор“ продукција. Концертот е закажан на 11.12.2023 во МКЦ во Кино Фросина од 20 часот.

„Македонски музички сонети” е најава е за одржување на интимен концерт пред бројка од само 250 присутни почитувачи на македонската музичка традиција измешана со есенцијални музички правци како што се џезот, блузот и кубанската салса. Со право очекуваме врвни музички креации кои докажано се присутни во изведбите на неговата резбана гитара .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.