Не поминаа ниту два месеци кога популарниот пејач и миленик на публиката, Ѓоко Јовиќ ја промовираше песната „Незаборавна”, тој на социјалните мрежи објави уште еден нов музички проект.
Станува збор за нова песна со наслов „Магија”, која исто како и претходната и многу други негови песни, како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски.
Очигледно тимот кој победува, не се менува, па токму поради тоа Јовиќ целата доверба ја довери на познатиот братско-сестрински тандем.
Мислам дека заедно со Лазар и Магдалена избравме одлична песна. Но, пред да решиме да ја објавиме, „амин” барав и од моите деца, поточно ќерката Теодора и синот Михаил, бидејќи тие двајца се сега моите најголеми критичари, низ шега вели Ѓоко.
Инаку како и за останатите, така и за оваа песна Ѓоко со својот тим од соработници сними уште еден видеоспот. Поточно дел од кадрите се снимени во Австралија, а пак дел во нашата Македонија.
Но, тоа не е сѐ, веќе се кројат плановите и за следната негова песна, која, исто така, ќе биде промовирана за многу брзо време.
Со други зборови, многубројната публика на Јовиќ летово ќе ужива и ќе се изнаслуша многу негова нова музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.