Музичката икона Шер (77) докажа дека и самата е најголемиот критичар. Пејачката откри дека никогаш не била љубител на „својата музика или нејзиниот глас за пеење“.

Не сум обожавателка на Шер, но сакам да го работам тоа што го работам – објаснила таа неодамна, како што пишува Дејли Мејл.

Едноставно никогаш навистина не ми се допадна мојот глас. Да можев да изберам, веројатно би го сменила, но немав избор – додала и објаснила дека бојата на нејзиниот глас е „чудна“.

Таа рече дека „не звучи како маж, но не звучи ниту како жена“. Својот глас го смета за нешто измеѓу.

Имам чуден стил, буквата Р не ја изговарам понекогаш. „Претпоставувам дека некои согласки тешко се пеат, па морам само да ги оставам отворени“, рече Шер, која и покрај нејзината повеќедецениска кариера признава дека не била секогаш задоволна со многу од нејзините популарни плочи.

Oscars Awards Ceremony, Los Angeles, America - 1988

Направив толку многу албуми, а некои од оние што мислев дека се добри, не беа хитови. Од друга страна, оние за кои не бев баш возбудена, беа – појасни таа.

Шер до крајот на годината ќе издаде нов албум наречен „Christmas“, кој го сними со нејзиното момче Александар Едвардс, кој е 40 години помлад од неа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.