Најголемиот рок бенд на сите времиња во Македонија, легендарните „Леб и сол“, на 5-ти август во Античкиот театар во Охрид ќе оддржат целовечерен концерт.  

По фантастичната балканска турнеја, „Леб и сол“ пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната долгогодишна кариера, а ако се земе во предвид и преубавиот простор, имаме гаранција дека сите фанови ги очекува една прекрасна вечер за уживање во секој поглед.  

Влезниците  се веќе во продажба преку www.kupikartizase.com  , велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.