Маја Андоновска-Илиевски, директорка на Центарот за култура во Битола на денешната средба со новинарите ги претстави настаните кои ќе се одржат во месец септември во оваа битолска културна установа.
На почеток на оваа прес-конференција би сакала да се заблагодарам за поддршката која ја добив за фестивалот “Илинденски денови“ за кој можам да кажам дека беше фестивал за кој што долго ќе се зборува. На 7 септември ќе се одржи концерт на битолчанецот Крсте Роџевски, македонски пејач, гитарист и композитор, човек кој повеќе од 20 години живее во Њујорк, активен во анангардбата сцена таму. Тој има соработувано со Дуке Бојаџиев, со Милчо Манчевски, во Столе Попов, и мене ми е мило што тој по подолго време ќе има солистички концерт во Битола, и со него симболично ќе започнат нашите есенски активности во Центарот за култура, рече Маја Андоновска-Илиевски.
Наредната недела на 14 септември ќе изведен концерт посветен на “Ем-ти-ви“ со изведни на песни од времето на 80-тите и 90-тите години, за што Маја Андоновска-Илиевски рече:
Овој концерт кој ќе се одржи во Центарот за култура ќе се потсети на “златното време“ на овој светски музички канал “Ем-ти-ви“ и прекрасните звуци на песните од тој период, бидејќи тоа не беше само музички канал, туку и ера која што ја трасира и иднината на музиката. Сите ќе имаме шанса да ги доживееме тие историски моменти со звуците на Камерниот оркестар на Битола, кога музиката беше израз на револуција, култура и совршенство.
Од 23 до 29 септември Центарот за култура ги отвора широко вратите за Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“ кој е оваа година својата главна програма ќе ја има во Големата сала, по завршувањето на овој Фестивал тука ќе се одржи и уште еден фестивал, “Интерфест“ кој ќе започне со голем концерт, со светска атракција, кој ќе го најават организаторите.
Октомври и ноември се активни месеци за култура во Битола и во Центарот, а Маја Андоновска-Илиевски ја најави Неделата на јапонски филм, тука се изложбите на Драган Најдовски и Димитар Кочевски – Мичо, е се разбира тука е 15. по ред фестивал на музика од светот.
Веќе е потпишан договор за бенд кој на светската мапа на бендови е запишан од 80-тите години, бил предмет на контроверзии, а потоа се докажал дека се најголемите “индустријал“ уметници на сите времиња. Ние влегуваме во нивната есенска, светска турнеа, и се наоѓаме на мапата на нивната турнеа, покрај 20 други градови, покрај Лондон, Амстердам, Малме, Прага… Станува збор за бендот “Лајбах“ кои ги поканивме во Битола по мои контакти, и веќе е потпишан договорот за настапот во Битола, а ќе биде голем целовечерен концерт. Тие веќе на нивниот спот за турнеата, ја најавија Битола, а за останатата програма од фестивалот ќе се сретнеме повторно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.