Благодарение на успешната соработка на „ПГП РТС“, „ЗКП РТВ Словенија“  и Задужбината Милан Младеновиќ повторно на дигиталните сервиси се достапни албумите на белградската група „Екатарина Велика“ – „Љубав“, „Само пар година за нас“, „Дум дум“ и „Неко нас посматра“, кои се ремастеризирани директно од оригиналните студиски ленти.

Сите осум студиски албуми на „ЕКВ“ повторно ќе бидат објавени следната година, кога се одбележуваат четири децении од излегувањето на нејзиниот дебитантски албум „Катарина II“.

„Бидејќи следната година се 40 години од објавувањето на албумот ‘Катарина II‘, решивме да го одбележиме тоа на посебен начин, со ексклузивен бокс сет. Тој ќе ги содржи сите осум студиски албуми, плус едно концертно издание“, изјави директорот на „ПГП РТС“, Владимир Граиќ.

Се обидовме да го извлечеме тоа што се слуша во позадина и „Дум, дум“ и „Неко нас посматра“ звучат како некој некое старо писмо повторно го раширил и го направил да се чита. Милан, Маги и другите мислам дека не гледаат одозгора. Мислам дека ова е одлучна шанса да се потсетима на среќата, жарот и енергијата какви што веќе нема, рее Марко Миливојевиќ, кој заедно со Драгиша Ускоковиќ учестуваше во повторното оживување на култните изданија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.