Составот „Летечки Пекинезери“ во соработка со „Котон Блуз Фест“ денеска (7 декември) во 21 часот во „Маракана“ ќе овозможат уникатно музичко доживување исполнето со фузија од стилови на блуз легендите.
Оваа свинг петорка е позната по својот начин на вдомување на манири закопани во историјата на големата афроамериканската музичка традиција. Поттикнати од ‘Котон Блуз Фест’, овој пат ќе го исполнат репертоарот со парчиња земени од нејасната граница каде се сретнуваат џезот и блуз музиката, стои во најавата за настанот.
На 7 декември во клубот „Маракана“, присутните ќе можат да слушнете свинг претворен во џамп-блуз, блуз претворен во свинг и џез изведби на Слим Харпо, Фреди Кинг, Скип Џејмс итн…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.