Вечерва (7 декември, четврток) во Скопје се одржува Главната вечер на ТАКСИРАТ Фестивал, а токму со овој настан и официјално ќе биде затворено јубилејното 25-то издание на македонскиот најпосетен алтернативен музички фестивал. Во финалниот настан на јубилејниот ТАКСИРАТ кој ќе се одржува во Арената Борис Трајковски, публиката ќе има прилика да ужива во повеќе од 10 концерти и настапи кои паралелно ќе се одвиваат на три бини, а на кои ќе се претстават скоро 20 музички изведувачи.

Главната вечер годинава ги собира ТАКСИРАТ резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на „Таксират“ или уште поважно, музичката екипа која во моменти одигра значајна улога во опстојувањето на фестивалот. Покрај нив, скопската Арена „Борис Трајковски“ вечерва е збирно место и на новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена. Во листата со изведувачи се: македонскиот маестрален музички уметник Кирил Џајковски, „Даб Ефекс“ од Австралија, „Ејсид Араб“ од Франција, но и најуспешниот регионален состав „Дубиоза Колектив“, како и популарните  „С.А.Р.С.“, Страјк, „Смат“, „Лет 3“ и други.

Влезот за посетителите ќе биде отвроен во 19:30 часот, a почетокот на програмата е во 20:30 часот.

 

РАСПОРЕД НА НАСТАПИ

ГЛАВНА БИНА:

20:30 SMUT
21:30 LET 3
22:35 STRAJK feat. Goce SAF, LD Pistolero, R.O.N.I.N.
23:40 SARS
00:50 DUBIOZA KOLEKTIV
02:00 KIRIL DZAJKOVSKI feat. TK Wonder & Rootsman I

SMOOTH GROOVE STAGE:

21:00 SMOKE MARDELJANO
22:05 MIMI MERCEDEZ
23:10 ACID ARAB (DJ set)
01:10 DUB FX

SILENT DISCO:

22:00 M.I.K., Luka Kekikj, Coy Coor

 

 

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ:

  • Влезот за посетители ќе биде отворен од 19:30 часот.
  • Една влезница важи за целата програма и овозможува пристап до сите бини на Фестивалот.
  • За да се избегнат гужвите при влез на настанот, апел до сите да пристигнат што порано, односно најмалку еден час пред настапот кој не сакаат да го пропуштат.
  • ТАНТЕ картичките се официјалното платежно средство на Таксират и тие се користат за плаќање на сите продажни пунктови на Фестивалот. Доколку немате Танте, ќе можете да ја купите на самиот настан на посебно означените места за таа цел.
  • Сите кои купиле билети онлајн, не треба да направат замена на ваучерите за билети, туку треба само да го приложат ваучерот (ПДФ документот во нивниот и-мејл) при влез на Фестивалот. Важно е бар-кодот да биде јасно читлив.
  • Во случај на било каков проблем при онлај купување на билетите, контактирајте го тимот за техничка поддршка преку и-меил на [email protected]
  • Во моментов актуелна е претпродажбата на билетите со промо-цена 900 денари. Во четврток од 17:30ч., преостанатите билети ќе се продаваат и на билетарницата пред Арена Борис Трајковски, по нивната полна цена: 1.000 денари.
  • Сите информации за онлајн купување на билети и продажни места се достапни на овој линк: https://bit.ly/Taksirat25
  • Повеќе информации за правилата на Фестивалот: https://taksirat.mk/chpp/


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.