Kонцертот во Детроит на 27 ми Јануари е уште еден од низата распродадени концерти на Четкар низ Америка меѓу кој беа и концертите во Кливленд, Њујорк, Колумбус и Сан Франциско!
На оваа турнеја за која владееше голем интерес Македонскиот комплетен автор и изведувач настапи во некој од најпознатите џез клубови во САД како BOB STOP at the Music Settlement, Natalie’s Grandview, Aretha’s Jazz Cafe, Black Cat Jazz Club и т.н.
Паралелно со оваа турнеја Четкар го снима и својот нов албум во неколку студија во Чикаго, Милвоки и Њујорк а за брзо ќе го промовира уште еден нов сингл после неговиот неодамнешен сингл ‘A New Day’.
Во прилог ви праќаме неколку фотографии од неговиот концерт во Кливленд во еден од најпопуларните Џез Клубови во Америка, BOP STOP.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.