Националната установа Народен театар-Битола е домаќин на уметникот Бранислав Николов од бендот „Фолтин“ чиј самостоен проект „Пијан Славеј“, нова македонска шансона, ќе биде изведен на сцената на овој театар.
Во проектот „Пијан Славеј“, заедно со Николов ќе настапат уметниците Пеце Трајковски, Славчо Јовев и Андреа Мирческа и тој претставува директен обид да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век, посочуваат организаторите на концертот.
Како што е познато, групата е формирана кон крајот на 2021 година, настапиле на скопскиот „OFFest” и „Скопскиот џез фестивал”, како и на „D-festival”, „Egnatia Escape festival”, „Pin Music Conference”, и на фестивалот „Druga Godba” во Љубљана, Словенија.
Концертот „Пијан Славеј“-нова македонска шансона е поддржан од Општина Битола, Народен театар и Центар за култура, а ќе се одржи в понеделник во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.