Овој четврток во „Public Room“ ќе се одржи концерт или „сесија во живо“ на бендот KEM, со поддршка од нивните пријатели Прва Гарда (Dope Kukjata) и Jiggy.

Концертот ќе започне во 21 часот..

KEM е рап-бенд од Скопје кој го шари типичниот колорит на рап сцената во главниот град, хип-хоп бенд со нетипичен осврт на жанрот. Тие настапија на сцената во 2022 година, кога објавија серија синглови и албумот „Columba Noachi“, кој ја раздвижи сцената. Оваа година, КЕМ го издадоа нивниот втор албум „Камлен пламен татко“, со кој покажаа дека ги немаат исцрпено своите извори за свежа креативност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.