В среда,на 20 ноември, од 21 часот во „Котур“ ќе се одржи концерт на Psychedelic Trips Тo Death од Солун и Will Discuss од Скопје.
Psychedelic Trips Тo Death се енергичен пост-панк/ноиз бенд кој доаѓа од Солун. Формирани се во 2010 година и се едни од предводниците на солунската алтернативна сцена. Нивниот мрачен и дистописки звук вградува елементи на психоделичен рок, индастриал и експериментална електроника. Со беспрекорна напнатост, од метрономските пулсации на воведните тактови, преку заканувачките вокали до цврстите бас линии, тие создаваат френетични и параноични звучни пејзажи кои влегуваат под кожата.
Како локална поддршка ќе настапат Will Discuss од Скопје. Се работи за отворен колаборативен проект на Тодор Караколев (електроника, вокал), овојпат заедно со Кристијан Савиќ (гитара). Во спонтана музичка (де)компресија тие создаваат психоделична музика за танц. Нивниот деби албум излегува наскоро во издание на Стотројка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.