Младински културен центар (МКЦ) го најавува концертот на канаѓаните Надја и Уочи Токи од Италија во МКЦ, во петок, 10 март со почеток во 21 часот.

„Надја“ е дуо на мултиинструменталистот Ајдан Бејкер и басистката Леа Бакареф – активни од 2005 година, кои создаваат музика опишана како експериментален нојз/дум/дримслаџ/металгејз, препознатлив по тоа што ги комбинира атмосферските текстури на шугејзот со амбиентална позадина која има тежина и густина на индустриска бучава.

Во својата богата кариера, вклучуваат настапи на фестивали како “SXSW”, “FIMAV”, “Roadburn”, “Donaufest”, “Le Guess Who”, “Incubate” и “Unsound” и заеднички настапи со музички артисти како “Earth”, “OM”, “Khanate”, “Neurosis”,”Godflesh”.По потекло од Торонто, Канада, дуото сега живее во Берлин, Германија.

Ова е нивен втор настап во Скопје, откако во 2012 година настапија во рамки на ‘Cinemusic’ програмата на филмскиот фестивал Синедејс.

Како предгрупа на канадското дуо, ќе имаме можност да проследиме “VR”-сет на италијаните Уочи Токи, кој е магматичен ансамбл од искривени електронски ритми, мрачни амбиентални дронови и течни гличови поддржани од пирокластичен цртеж во живо во виртуелна реалност проектирана на екран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.