Утревечер, во Оро радио, галерија и бар, со почеток во 21:00 часот, ќе може да уживате во концертот на аргентинскиот гитарист Лучиано Понѕано.
Лучиано е Аргентински артист, кој настапува соло и како дел од бендот The Hawks Triad со кој досега имаат издадено два албуми “Dorcol Tapes“ и “Carnivale“.
Роден во Кордоба, Аргентина Понѕано студира музичка композиција на Националниот универзитет Виља Марија, потоа работи како професор по музика и свири во неколку бендови.
Влезницата чини 100 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.