Вечерва со почеток во 21:00 часот, во рамките на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, во книжарницата на „Литература.мк“ во„Дајмонд мол“, ќе имате можност да го проследите концертот на феноменалниот Мухамед Ибрахими.
Го нарекоа скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Таков е Мухамед Ибрахими, скромен, но маестрален на сцената.
Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, мошне интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор.
Билетите по цена од 300 денари се достапни во книжарниците „Литература.мк“ во Скопје, како и онлајн преку https://www.literatura.mk/proizvodi/vidik_bileti.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.