Концертот на ФАМЕ’С Институтот на Скопско лето кој ќе се одржи в сабота, на 6 јули во Сули ан со почеток во 20,30 часот е дел од програмата на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето”.

Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот, кој го сочинуваат млади талентирани музичари од цела Европа, ќе има можност на овој концерт да настапи заедно со светски признатиот диригент Конрад ван Алфен, веќе познат на нашата публика. Огромно е задоволството што сме домаќини на популарниот Џез саксофонски квартет ,,АРТВАРК” од Холандија, чијашто музика ќе биде изведена на овој концерт.

Покрај композициите напишани од членовите на АРТВАРК квартетот, на програмата на овој концерт ќе биде изведен и Концертот за гудачи од Нино Рота.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.