Откако воодушеви со својот настап на овогодинешното издание на Евровизија, Констракта доби ново големо признание.
Oвогодинешната српска претставничка на Инстаграм објави дека е предложена за номинација за престижната награда Греми и тоа во две категории-најдобар нов изведувач и најдобра светска изведба. Номинацијата доаѓа од засега непознат член на Академијата за дискографски уметности и науки.
Веста беше објавена на нејзините официјални социјални мрежи и беше пречекана со лавина од позитивни коментари и огромна поддршка.
View this post on Instagram
Првиот круг на гласање е во тек, а ќе трае до оваа недела (23 октомври), а добитниците на наградите ќе бидат официјално објавени во ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.