Најпопуларните и најактуелните женски имиња на регионалната трап / поп сцена во моментов, SENIDAH и SARA JO доаѓаат во Скопје со голем концерт под отворено небо, на 01-ви јуни на стадионот на АРМ.

По нивниот настап на Ohrid Calling 2021, Senidah и Sara Jo продолжија да го креваат стандардот на балканската музичка сцена; Сенида со хитовите ,,Behute’’ и ,,Jadnaja” и Сара Јо со хитовите ,,Divlja’’ и песната која го запали регионот и која беше евровизиски кандидат за оваа година – ,,Muškarčina” , со постојаност докажуваат дека се највлијателните и најквалитетните регионални женски музички ѕвезди.

Па, оттаму доаѓа и GRL POWER, името на овој фестивал кој има за цел да ги слави регионалните женски артисти и да ја акцентира женската моќ и позиција во музичката индустрија!

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре (05-ти мај) во 09 часот наутро на сите продажни места во мрежата на Авалон и онлајн на avalon.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.