По одличната мини-туреја низ Македонија, Ris Flower најавува во среда рокенрол спектакл во срцето на Скопје. На концертот ќе бидат изведени досегашните авторски песни, како и промоција на нови, необјавени песни кои се дел од албумот кој се најавува за крајот на 2022 година.

 

На концертот, “Ris Flower” ќе биде придружуван од својот бенд составен од феноменалните музичари Џоле Максимовски,  Дино Милосављевиќ и Филип Пулески.

Концертот ќе го отвори групата Поп Арт Бенд со свој настап.

Влезот е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.