Вечерва во сала “25 Maj” во МКЦ Скопје ќе настапи новосадската фан-панк група Atheist Rap, со почеток во 21 часот.
Бендот доаѓа во Скопје по 4 години, кога својот последен концерт во истата сала пред скопската публика го одржа во 2018 година.
Иако целта на МКЦ е концертите на Atheist Rap да се одржуваат во живо секои две години, во рамки на т.н. Atheist Rap биенале во МКЦ, во 2020 година своето кратко шоу, новосадските панк легенди го имаа во рамки на новогодишната #Чао2020 онлајн програма на МКЦ.
Во рамките на вечерашниот долгоочекуван концерт, на барање на публиката Atheist Rap ќе ги отсвират своите први три албуми, “Maori i Crni Gonzales” , “II liga Zapad” и “Ја Eventualno Bih Ako NJega Eliminisete”.
Групата Atheist Rap е основана далечната 1989 година од страна на вокалистите Др.Поп (Александар Попов) и Владимир Козбашиќ (Печинко). Својот прв концерт под името Atheist Rap го одржуваат истата година и почнуваат со припреми за својот деби албум, кој излегува скоро 2 години подоцна под името “Maori i Crni Gonzales”, на кој ќе се најдат мега хитовите “Blu Trabant”, “Wartburg limuzina”, “Strikanje”. Бендот, во своето 33 годишно постоење, издава легендарни албуми како “Ja eventualno bih ako njega eliminišete” (1996), “II liga zapad” (1998), “Osveta Crnog Gonzalesa” (2005), “Priče matorih pokvarenjaka” (2009), “Uberlauf “ (2015) со кои се се уште неверојатно актуелни во бившите ју простори. Нивната песна “Fatamorgana” од албумот “Ja eventualno bih ako njega eliminišete” е изгласана од Радио Белград 202 како една од 60 најдобри песни издадени од PGP RTS во 60 годишното постоење на издавачката куќа.
Билети за биеналето на Atheist Rap во МКЦ во продажба на билетарницата на МКЦ или онлајн на линкот bileti.mkc.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.