Животните приказни за четворицата легендарни членови на рок-групата Битлси, Пол Макартни, Ринго Стар, Џон Ленон и Џорџ Харисон ќе добијат филмско остварување. Режисер на овие филмски остварувања ќе биде оскаровецот Сем Мендес.

Двајцата живи легенди Макартни и Стар, како и семејствата на Ленон и Харисон првпат дадоа дозвола и ги отстапија музичките права за да се снимат четирите меѓусебно поврзани биогравски филмови.

Режисерот Мендес кој е добитник на Оскар за „Американска убавина“, рече дека му е „чест што ќе ја раскаже приказната за најголемиот рок бенд на сите времиња“.

Филмовите се очекува да се појават пред публиката во кино-салите во 2027 година.

Зад продукцијата стои студиото Sony Pictures Entertainment, коешто ќе ги финансира и дистрибуира сите четири филма.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.