Концертот ќе биде гламурозен, со прекрасни аранжмани и прекрасни солисти, вели Гоце Стевковски, директорот на Националниот џез оркестар (НЏО) кој ќе одржи концерт в сабота, на 30 ноември во 20 часот во салата на Македонската филхармонија во Скопје.

На концертот ќе бидат изведени композиции од албумот на Пол Енка „ Rock Swings“. Албумот содржи нумери кои беа хитови во 80-те и во 90-те години на минатиот век, а на концертот под диригентство на Џијан Емин, ќе бидат изведени во оригиналните аранжмани, платени за овој настан. Специјални гости на концертот се Бранислав Николов- Пијан славеј и џез вокалистите Светлана Јовановска и Џон Илија Апелгрин. Секој од нив ќе испее по четири песни од албумот на Енка.

Оваа идеја за концертот ја имавме замислено поодамна. Ќе биде нешто ново, нечуено на овие простори. Пејачите, односно солистите кои ќе настапат се посебни, секој со својот карактер, и намерно беа одбрани за овој концерт. Концертот ќе биде гламурозен, со прекрасни аранжмани и прекрасни солисти, изјави Стевковски на денешната прес-конфренција.

Светлана Јовановска како изведувач на денешниот прес кажа дека публиката ги знае овие песни и ќе ужива на концертот, но песните ќе биде во едно ново поинакво светло.

Како што информира Џон Илија Апелгрен станува збор за албумот на Пол Енка „Rock swings“ со хитови од 80 години и 90 години рок и поп хитови меѓу кои се хитови на Spandau Ballet, Ерик Клептон, Ван Хален.

Аранжманите се прекрасни, а сите кои ќе присуствуваат на концертот ќе уживаат во звучната слика, порача Апелгрен.

Од НЏО велат дека саботната вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која публиката ќе ја остави без здив.

Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од музичкиот спектакл кој ќе ги обедини љубителите на рокот и џезот. Дојдете и уживајте во звуците на „Golden Rock Swings” и дозволете музиката да ве понесе на едно незаборавно патување, порачаа од Националниот Џез оркестар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.