Првата и еднствена музичка конференција во Македонија, „ПИН“ Конференција, официјално го отвори повикот за учество на млади изведувачи кои ќе имаат прилика да бидат дел од годинашната концертна програма. Македонската ПИН конференција е имено еден од најзначајните меѓународни собири во регионов кој ги привлекува музичките експерти од цела Европа и подалеку, а која со секое свое изадние го зголемува кругот на учесници и посетители, артисти и љубители на музиката, и ги спојува професионалците од сите сфери на музичката индустрија. Годинава, од 30 ноември до 2 декември „ПИН“ ќе прослави јубилејното 10-то издание и повеќе од деценија како создава простор за негување и развој на македонската и регионалната музичка сцена, простор за споделување искуства и креирање нови можности.
Таква е и оваа можност, сите нови изведувачи од Македонија и пошироко можат да се пријават на отворениот повик и да бидат дел од музичарите кои ќе се претстават пред нова публика. Сите заинтересирани можат да се пријават на повикот преку платформата „Гигмит“ (GigMit) најдоцна до 15 април.
„ПИН“ овозможува младите музичари да ја издигнат својата кариера на повисоко ниво. Како дел од оваа конференција тие не само што ќе го споделат својот талент со публиката, ќе можат и да стекнат вредно знаење за музичкиот бизнис, да споделат искуства со други музичари и да формираат соработка со музички експерти.
На последното издание во 2022, во текот на три дена „ПИН“ го претвори Скопје во европски музички епицентар кој го исполни Младински Културен Центар со повеќе од 6000 посетители. Беше неверојатен собир на 45 изведувачи од 16 земји ширум Европа и над 350 важни европски и светски имиња од музичката индустрија кои пристигнаа од 32 држави. Со целодневна програма постетителите можеа да уживаат од утро во инновативни панел-дискусии, работилници, сесии за менторирање кои ги покриваа најактуелните теми во музичката индустрија, до доцна во ноќите со богата концертна програма на 4 локации низ МКЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.