Ирската рок група „Ју-ту“ им оддаде почит на жртвите на „Крвавата недела“, синоќа, на денот кога пред 50 години британски војници пукаа врз мирни демонстранти во Cеверна Ирска и убија 13 луѓе.

Бендот објавуви и нова верзија на нивната позната песна „Недела, крвава недела“ (Sunday Bloody Sunday) на својот интернет-простор. Видеото е проследено со сцени од настанот.

Предводени од семејствата на жртвите, во текот на вчерашниот ден, стотици луѓе учествуваа во поворката низ улиците на Дери – како што ирските републиканци го нарекуваат градот Лондондери во Cеверна Ирска.

На 30 јануари 1972 година, британски војници убија 13 лица на мирните протести за граѓански права на католиците. Тој колеж е една од најтемните епизоди на конфликтот во Cеверна Ирска меѓу католичките републиканци, поддржувачи на ирското обединување и протестантските лојалисти, поддржувачи на британската круна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.