Јелена Карлеуша беше специјалната и најочекуваната гостинка на концертот на Милица Павловиќ во Белград . Познато е дека пејачите се многу блиски, а имаат и заеднички дует „Машала“ , кој ги сруши сите рекорди на слушање. Затоа поп-дивата гостувала на концертот на Милица, а пејачката ја најавила како што и доликува.
Решив дека оваа вечер треба да бидат со мене, со вас, моите пријатели пред се. Убаво е кога имаш пријател кој е толку жежок… Доаѓа мојата омилена кучкетина – рече таа, а потоа на сцената излегла поп дивата. Јелена доминираше во костим со пиштоли над градите и гаќичките, а кога почнала песната, публиката буквално била во транс.
Те поканив овде вечерва затоа што ми е убаво да те гледам – почнала Милица, а ЈК се пошегува:
Гледаш во пиштоли или што?
Гледам насекаде – и рекла Сињорита.
Милице, морам да ти честитам за ваков концерт. На многу луѓе им дадовте домашна задача – рекла Карлеуша.
Откако го испеале дуетот „Машала“, Милица направила мала пауза, а за тоа време ЈК буквално ја „запалила“ Арената.
Таа го отпеала својот хит „Karly bitch“, а набрзо се облекла во бела бунда и ја отпеала песната „XY“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.