Скопјанецот Јасмин Алиевски уште еднаш докажа зошто е зрел кандидат за во финалето на музичкото регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Јасмин настапи во саботата и уште еднаш ја воодушеви жирикомисијата составена од веќе докажаните музички имиња како што се: Снежана Ѓуришиќ, Ана Бекута, Драган Стојковиќ, Мили, Марија Шерифовиќ, Ѓорѓе Давид, Цеца и Саша Поповиќ.

Нашиот Јасмин се претстави со две добро познати песни, едната беше „Сањао сам ночас да те немам“ и „Генерал без чинова“.

Тој доби пет од вкупно шест гласови и со тоа заврши во баражот на крајот на емисијата, каде уште еднаш пееше пред жирикомисијата.

Се разбира, во баражот Јасмин доби „амин“ за следниот круг, односно патува во четвртфинале.

Првата песна ја отпеа фантастично. До таа мерка точно и прецизно ги погодуваше се оние ситуации во првта строфа и тоа ми веше навистина преубаво, преубаво, кажа Марија Шерифовиќ, иако таа не даде глас ниту на Јасмин, ниту на другата натпреврувачка.

Првата песна за поминување, втората за испаѓање. Првата песна ја донесе како што треба, многу оргинално, искоментира Мили.

Толку добра беше првата песна, поради неа ти ги простив фалшевите во втората, кусо искоментира Снежана Ѓуришиќ.

Првта песна феноменална, искоментира Ана Бекута.

Одлични беа коментарите и на останатите членови на жирикомисијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.