Во концертната сала на Филхармонија, на 28.10.2022 ќе се прослави 60-годишнината од основањето на култниот сараевски бенд Индекси.

Најавениот концертен спектакл го носи името „Индекси и пријателите“, а самиот концерт е дел од регионалната тура, во организација на компнијата „Мјузик тајм“. Од различни краеви на светот ќе се соберат живите членови на бендот: Фадил Реџиќ, Нено Јурин, Мирослав Шарановиќ, Пецо Петеј, Владо Правдиќ, легендарниот клавијатурист на Бијело Дугме кој музичката кариера ја започна во Индекси, и гитаристите Мурис Варајиќ и Иван Кукиќ.

На сцената нẻ очекува спој на поискусни и на млади пејачи, но сите со одлични вокални квалитети: Дадо Топиќ, Хари Мата Хари, Зоран Предин, Нено Белан, Бранко Ѓуриќ-Ѓуро, Дино Јелушиќ, Нермин Пушкар, Бојана Стаменова, Амел Чуриќ, Тамара Тодевска и Дејан Цукиќ. Индекси е најдолготрајната и најзначајната босанска поп-рок група и една од најдобрите екс-ју бендови која жареше и палеше од 1962 до 2001 година – информираат од организацијата.

Почетокот на спектаклот е најавен за 20 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.