„Ode of joy“ е новиот сингл на Хејз (Haze), 5-ти од албумот „Afterlife“. Претходно се престави со „Afterlife“, „Stargazing“, „Heaven“ и „Сенки“.

Ненад Тодоровски е познат на македонската јавност под псевдонимот Хејз (Haze), под кој работи како музички продуцент и диџеј. Зад себе има повеќе проекти преку кои има издадено повеќе од 20 синглови и ремикси. Има соработувано со Бобан Апостолов (naBBoo), Brass Brothers, Cyrillic, Galoski, Iwayo, Викторија Лоба и многу други.

Синглот „Ode of joy“ беше претставен на јавноста на 26.09.2024 преку македонската издавачка куќа „Cafe De Anatolia“ која во моментов важи за една од најдобрите издавачки куќи позната по комбинацијата на модерна електронска музика со традиционална музика од Балканот и Блискиот Исток.

Основана е во 2017 година од Зоран Илиев (познат под псевдонимот Billy Esteban), неговата ќерка Моника Илиева и синот Никола Илиев). Cafe De Anatolia има добиено 31 награда на видео платформата YouTube – 3 златни плакети за над милион претплатници и 28 сребрени плакети за над 100.000 претпланици.

Линк од Youtube

Линк од Instagram 

Линк од Spotify



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.