Само неколку дена не делат од долгонајавуваниот и долгоочекуваниот концерт на Халид Бешлиќ во Скопје. Интересот за истиот е огромен, но кога Халид е во прашање тоа и не е некое изненадување, со оглед на тоа што успеа да ги распродаде сите концерти ширум регионот.

Неодамна, Халид беше во посета на Скопје и не ја криеше возбудата за големиот концерт.

Моите песни се блиски до овој народ. 40 години сум присутен на музичката сцена и секаде ширум светот сретнувам Македонци, многу добро знам каква е македонската публика и знам што ме очекува на 26-ти ноември во Арената Борис Трајковски. Затоа дојдете сите заедно да уживаме во моите песни и да ги освежиме нашите сеќавања. Ве очекувам!“

 

Тој доаѓа за прв пат во Скопје, со голем концерт, за да ни ги отсвири сите хитови од неговата богата музичка кариера, како: „Miljacka“ „Prvi poljubac“ „Ja bez tebe ne mogu da zivim“ и уште многу други, со кои дефинитивно ќе ви ги разигра и разнежни срцата.

 

Останати се малку влезници за овој спектакл, затоа бидете брзи, можеби до утре нема да ги има. Влезниците за овој спектакл можете да ги најдете преку продажната мрежа на kupikarta.com Југотон и Розе Веро 2.

 

Халид Бешлиќ доаѓа во Скопје. Се гледаме на 26-ти ноември во „Арена Борис Трајковски“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.