Девојките од една од најпопуларните српски музички групи во последните години, наводно решиле да тргнат по одделни патишта.

Како што тврди српски „Блиц“, од септември повеќе нема да постои групата „Хјурикен“, составена од Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ.

Извор близок до пејачките за споменатиот портал изјавил дека крајот бил неизбежен и прашање на време.

Трите девојки едноставно повеќе не можеа да издржат заедно. Станува збор за судир на три сосема различни карактери кои многу влијаела на целата атмосфера во групата – тврди неименуван извор.

Ова ултрапопуларно трио ќе ја заврши планираната летна турнеја со сите закажани настапи за претстојниот период, по што секоја ќе ја продолжи својата кариера соло.

Имаат договор со менаџерот до септември и потоа решија да не го обновуваат. Генерално, трите не се согласуваа баш најдобро, па тоа и влијаеше бизнисот да не функционира најдобро и да дојде до раздор помеѓу нив. За три месеци групата „Хјурикен“ ќе биде минато и тие ќе се пробаат во соло кариера – вели споменатиот извор.

Уште од формирањето на групата се шпекулира за тоа во каков однос се Сања, Ксенија и Иван, но тие секогаш истакнуваа дека се пријателки и секогаш во јавноста се однесуваат хармонично.

„Хјурикен“ ја претставуваа Србија на Евровизија во 2021 година, со песната „Локо Локо“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.