На Големо Езеро на Пелистер голем број на планинари од Битола, но и битолчани и нивни гости кои престојуваат во Битола, го искористја убавото време за да бидат на планина, да уживаат во убавините на Пелистер, да се изладат во водите на езерот0 на 2.218 метри надморска висина.

Меѓу нив беше и нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски, кој на Големо Езеро се искачи по „Дебел Рид“, а на брегот на езерото ја испеа „Заветна“ во која уживаа големиот број посетители.

Преземено од „Битола нуз“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.