Дали глувите лица знаат и умеат да изиграат сложени кореографии на традиционални ора? Дека можат не уверија во неодамна одржаниот концерт во Дом на АРМ. Фолклорното здружение „Традиција Фолклор“ е проект на Националниот Сојуз на глуви и наглуви, кој започна да се реализира од почетокот на 2019-та година.
Проектот е целосно финансиски подржан од Министерството за труд и социјална политика. Часовите ги водат двајца искусни кореографи и се одржуваат неколку пати во неделата во Скопје, а по потреба и по барање на членовите и во други градови. За неколку години глувите и наглуви членови на ова здружение научија неколку кореографии на традиционални ора. На концертот настапија и КУД „Гоце Марковски“ , ЗКУД „Владо Тасевски“ и КУД „Гардош“ од Земун. А наскоро и „Традиција Фолклор“ ќе настапат во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.