На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа солистички концерт одржа Никола Мицевски и хорот „Св Кирил и Методиј“ од Велес. Концертот беше хуманитарен, а картите ги продаваат и организаторите – Општина Велес и од Народниот театар

Од кабинетот на градоначалникот денеска информираа дека собраните средства од продадените карти ќе ги предадат на Општинската оганизација на Црвен крст за хуманитарни цели. Од Општинската организација на Црвен крст Велес за МИА појаснуваат дека средствата најверојатно ќе ги наменат за помош на социјално ранливи семејства од градот.

Никола Мицевски синоќа пред велешани го промовира својот најнов албум „Нова ера“ со 40-тина врвни мизичари хористи на сцена. Албумот е составен од различни музички жанрови.

Композиторот и музичар Никола Мицевски е познат по тоа што во изминатава деценија ја збогати домашната музичка сцена оживувајќи подзаборавени македонски песни во ново руво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.