Пејачот Јасмин Алиевски уше еднаш докажа и покажа зошто е зрел кандидат за во големото финале на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој се натрпеваруваше во саботата и го освои максималните шест гласови на членовите на жирикомисијата.

Јасмин изведуваше две песни, првата беше легендарната „Зајди, зајди“, а втората песна која ја пееше беше големиот хит на Тоше Проески, „По тебе“.

Жирито не ги штедеше пофалните зборови за нашиот Јасмин…

Толку ми беше емотивна „Зајди, зајди“. Сме ја слушнале многу пати, но сега почуствав нешто. Без грешка, искоментира Мили.

 

Секоја чест што ја оправда довербата, ти симнувам капа, искоментира неговиот ментор Ѓорѓе Давид.

Исто така го пофали и директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, кој кажа дека нашиот Јасмин бил одличен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.