Американскиот рапер Дрејк (36) зборуваше во подкастот „The Really Good Podcast with Bobby Althoff“ за својот љубовен живот. Пејачот никогаш не се оженил, а сега откри и зошто.

Не знам. Ми се чини дека тоа е нешто од античко време. Мислам дека еден ден ќе. Чувствувам дека не можам некому да му го дадам тоа што го бара. Само конзистентност. Мојот живот и работа се моите приоритети – изјави музичарот.

Водителот го прашал дали тоа е затоа што сака да ’спие наоколу’ со различни жени, а Дрејк веднаш негираше.

– Не сакам да се оженам бидејќи не сакам некого да разочарам – додал тој.

Дрејк бил во врска со голем број познати личности во текот на годините, вклучувајќи ги Тајра Бенкс, СЗА и Ријана. Сепак, тој рече дека не може да се ожени со некој што е познат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.