Изминатиот викенд во Охрид се одржа 29- тото издание на фестивалот „Охрид Фест- Охридски трубадури“, сцената на Долни Сарај никогаш не изгледала помоќно, а домаќини беа Марјана Станојковска и Васил Зафирчев.
Настапија етаблирани музички имиња од Балканот- омилениот Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и секако – дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава фантастична можност за промоција.
Специјалното интернационалното жири ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава имаше и новинарската награда, акредитираните медиуми ја одбраа песната што на нив оставила најдобар впечаток.
Награда за најдобар текст: Борче Нечовски за композицијата “Твоја сум” во изведба на Мила
Награда за најдобар аранжман: Александар Масевски за “Close to the sun” во изведба на Андреа
Награда за најдобра интерпретација: Марија – “Засекогаш Твоја”
Награда Долни Сарај: Ненад Цвјетиќ
Награда за најдобар дебитант: Ник
1-ва Награда од стручно Жири: Expose – “This love will last forever”
2-ра Награда од стручно Жири: Александар и Белма – “Глупаво е да си сам”
3-та Награда од стручно Жири: Моника Кнезовиќ – “Молекул”
Првата награда од стручното жири ја освои Expose со песната “This love will last forever”. Втората награда од жирито им припадна на дуетот Александар и Белма, додека третата на гостинката од Црна Гора, Моника Кнезовиќ.
На фестивалот беа доделени и други награди како награда за најдобар текст, која ја доби Борче Нечовски за композицијата “Твоја сум” во изведба на Мила.
Наградата за најдобар аранжман ја освои Александар Масевски за “Close to the sun” во изведба на Андреа, додека награда за најдобра интерпретација и припадна на Марија – “Засекогаш Твоја”.
На 29-то издание на фестивалот се отпеаа 16 нови фолк песни и на сцената застанаа многу познати имиња: Наум Петрески, Благица Павловска, Зуица Лазова, Баже Груевски, Петар Нечовски, групте „Академци“, „Чардаш“… кои ја направија вечерта навистина посебна.
Првата награда од стручното жири ја освои Наум Петрески со песната ,,Не се откажав”.
Второнаградени од жири се групата ,,Академци”, а пак на трето место заврши Кирил Белистојановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.