Со голем концерт ДНК ја заокружи приказната која ја пишува во изминатите 20 години.

Вие сте дел од нас, вие сте дел од нашата приказна, и без вас ниту славењето на големиот јубилеј ниту нашето постоење воопшто, ќе беа возможни.

Се вели, среќата е единствената работа што се множи кога се дели, а ние сме среќни што имаме пријатели како вас, среќни сме што имавме со кого да ја споделиме нашата љубов, емоции и музикаи среќни сме што бевте и сте до и со нас.

Ви ветуваме и вам и на нашата верна публика дека со исто темпо ќе продолжиме и во иднина, и уште еднаш од срце ви благодариме за сето одвоено време, простор и сета поддршка која ја добивме и добиваме од вас, велат Панчо и Андреј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.