Еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња „Дип парпл“ (Deep Purple) во саботата одржа голем концерт во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Повеќе од два часа уживаше во „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа петдецениското постоење на овој навистина и култен и легендарен бенд во музичката историја.

Кулминацијата, сепак, беше нивната изведба на македонската песна „Јовано, Јованке“ во чест на македонската публика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.